Мајка влетала на сред час во Србија и почнала да ги малтретира учениците

Несекојдневен настан кој завршил до полицијата се одиграл во Србија, кога мајка на една ученичка од Основното училиште "Крал Александар Први", влегла на час, ја прекинала наставата и почнала да ги малтретира и испрашува децата за нејзината ќерка.

img

Ова следело откако нејзината ќерка се скарала со друго дете од класот, поради што мајката влетала внатре, ги држела децата цел час и поставувала прашања со кои пречела во наставата.

Учителката која била збунета дури утредента кажала што се случило, па случајот се пријавил и во полиција.

Засега не се познати детали.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 17 јануари 2018 04:32:00
Напишано од Вероника