Масовна тепачка во трговски центар во Загреб

Загрепската полиција соопшти дека ноќеска дошло до масовна тепачка во трговскиот центар „Импортан“ во Загреб.

img

– Хрватската полиција ноќеска околу три часот доби дојава дека избувнала тепачка во која учествувале повеќе лица. Полициската истрага е во тек, се наведува во денешното соопштение на загрепската полиција.

Според непотврдените информации на хрватскиот портал „Индекс.хр“, во тепачката веројатно учествувале најмалку четири лица, кои се хоспитализирани.

Очевидеци тврдат дека „целиот трговски центар и ограден и во него се наоѓаат многу полицајци“. – Ескалаторите беа крвави, додаде тој.

Facebook impact:

Објавено вторник, 31 октомври 2017 04:18:00
Напишано од Вероника