Мечиња се појавиле на обиколницата кај Задар

Возачите на задарската обиколница деновиве забележале несекојдневна глетка – три мечиња што трчаат по патот обидувајќи се да ги избегнат автомобилите. 

img

Хрватските медиуми ја пренесуваат изјавата на професорот Ѓуро Хубер од Ветеринарниот факултет во Загреб, кој вели дека станува збор за мечиња родени годинава, стари околу девет месеци.

– Ја намалив брзината и вклучив четири трепкачи за да ги предупредам возачите зад мене да внимаваат да не ги прегазат – вели возач кој во неделата во доцните вечерни часови ги снимил трите мечиња на обиколницата кај Задар над Бакар. Мечињата барале излез од патот трчајќи кон излезот за Крк.

За среќа, вечерта немало многу сообраќај на патот, па мечињата успеале навреме да ја напуштат обиколницата.

 

 

Тагови:

мечиња Задар

Facebook impact:

Објавено среда, 20 септември 2017 08:24:00
Напишано од емилија