На Крит регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер

Земјотрес со јачина на ударот од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Средоземно Море, крај брегот на грчкиот остров Крит, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американскиот Геофизички институт.

img

Епицентарот на потресот бил на околу 43 километри од јужното крајбрежје на Крит, на длабочина од 16 километри.

Засега нема информации за настрадани лица или разурнувања, ниту за опасност од цунами.

Facebook impact:

Објавено вторник, 01 август 2017 04:42:00
Напишано од емилија


Последни вести