Нова жртва поради студот

Смрзнатото тело на 55 годишниот Бадем Алијевиќ е пронајдено вчера во Врање. Се претпоставува дека до несреќата дошло кога човекот тргнал да сече дрва, паднал ја скршил ногата и починал како последица од замрзнување.

img

Вишиот јавен обвинител во Врање за српски Блиц изјавил дека несреќниот маж по падот се здобил со скршеница на десната бутна коска. Таму каде паднал бил пронајден смрзнат.

Надлежните служби констатирале дека смртта настапила како последица од премрзнување.

Тагови:

жртва студ

Facebook impact:

Објавено понеделник, 09 јануари 2017 02:13:00
Напишано од Емилија