Обилни врнежи од снег, силен ветер и неред на патиштата во Хрватска

Снежно невреме ја зафати Хрватска и предизвика големи проблеми во сообраќајот.

img

Според загрепски медиуми, снег паѓа во Капела, на Сљеме, Горски Котар.

Влажните и лизгави коловози прават проблеми на патиштата во внатрешноста, а снежна бура создава проблеми во сообраќајот во крајбрежните подрачја. Можни се одрони, предупредуваат надлежните служби.

За камиони со приколки моментно е забранет сообраќајот, додека граничниот премин Пасјак е затворен за сообраќај. Поради бура во прекин се неколку линии на траекти.

 

 

Facebook impact:

Објавено понеделник, 13 ноември 2017 10:55:00
Напишано од Виолета