Поранешен српски ракометар се бори за живот

Славиша Ѓукановиќ брани за францускиот прволигаш Аикс од оваа сезона, а репрезентацијата на Србија ја напушти на претходното Европско првенство поради несогласувања со колегата и прв голман, Дарко Станиќ, поранешниот голман на Металург.

img

Српскиот ракометен голман, 38 годишниот Славиша Ѓукановиќ и поранешен репрезентативец на таа земја доживеа срцев удар, после што беше одведен во болница во Марсеј, пишуваат француските медиуми.

Вчера наутро се случиле немили сцени, а моментално лекарите во Франција се борат за неговиот живот.

Ѓукановиќ брани за францускиот прволигаш Аикс од оваа сезона, а репрезентацијата на Србија ја напушти на минатото Европско првенство, поради несложување со колегата и првиот репрезентативен голман, Дарко Станиќ.

Според последните информации од француските медиуми, состојбата на еден од најдобрите во француската лига е загрижувачка.

Facebook impact:

Објавено вторник, 31 октомври 2017 08:45:00
Напишано од Вероника