Поранешниот романски премиер добил српско државјанство

Поранешниот романски премиер Виктор Понта добил српско државјанство, јавува весникот „Блиц“.

img

Социјалдемократот Понта беше премиер на Романија од 2012 до 2015 година, кога мораше да се повлече поради политичка криза, како и смртоносниот пожар во ноќен клуб во Букурешт.

Според „Блиц“, Понта е поддржувач на приемот на Србија во Европската унија, а присуствуваше и при експозето на Александар Вучиќ во српскиот Парламент во 2016 година, кога тој вторпат беше избран за премиер на Србија.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 11 јануари 2018 07:23:00
Напишано од Вероника