Пожар во централна Грција, властите денеска предупредуваат за висок ризик од пожари

Од синоќа беснее пожар во шумски регион од областа Евританија, во централна Грција, јави весникот „Катимерини“.

img

Според грчките власти, огнот се појавил од засега непознати причини и се проширил во тешко достапен терен на голема надморска височина.

Во гасење на пожарот учествуваат и авиони.

Во меѓувремне, Њуз.ин денеска предупреди за висок ризик од пожари во земјата и посебно во областие Атика, Беотија, Коринтија, Арголида и на островот Евбеја, како и во северниот дел на Егејско море, а меѓу нив и на островите Лезбос и Хиос.

Грчката цивилна заштита ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат на отворено да палат оган и лесно запалливи материјали.

Тагови:

Пожари Грција

Facebook impact:

Објавено понеделник, 31 јули 2017 11:27:00
Напишано од емилија


Последни вести