Со сатар ги уби своите баба и мајка

Актерката Теодора од Србија, внука на познатиот актер од серијата „Подобар живот“, пред пресудата за убиството на својата мајка и баба, се обидела да си ја задави цимерката во затворот.

img

42-годишната Теодора Викторовиќ, внука на Михајло Викторовиќ, осудена е на повеќе од 30 години затвор за убиството на мајка си и баба си во нивниот дом, а сега се обидела да ја задави и цимерката во Централниот затвор во Белград.

Теодора одеднаш од чиста мира тргнала кон цимерката и почнала да ја дави за вратот. Стражарите веднаш дотрчале и спречиле таа да ја убие.

Инаку, единствен кој ја посетува Теодора во затворот е нејзиниот сопруг.

Теодора во Вишото обвинителство со солзи во очите детално го опишала злоделото кое таа го извршила во станот на улицата „Милошевска“ во белградската населба Врачар, во кое ги уби својата мајка Љиљана (62) и баба Иванка (91).

– Мојата мајка тоа утро ме навредуваше и критикуваше затоа што сум била бучна додека во кујната го подгревав млекото за мојата ќерка. Потоа, за неколку часа испив литро водка и земав два вида на лекови за смирување како би го смирила својот бес. Таа за целото време нешто ми дофрлуваше и ме навредуваше зборувајќи од другата соба. Во еден момент ја изгубив контролата, го дофатив сатарот и тргнав кон неа. Ја удрив неколку пати по главата и од тогаш имам прекин во сеќавањето. Не се сеќавам дека сум ја убила мојата баба, раскажала Теодора.

Facebook impact:

Објавено сабота, 28 октомври 2017 04:05:00
Напишано од емилија