Стејт департментот потврди: Хојт Ји поднесе оставка

Во јавноста се шпекулираше дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во некоја од државите на Западен Балкан.

img

Брајан Хојт Ји поднесе оставка на местото помошник заменик државен секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдуваат од Стејт департментот за Ал џезеира.

Во одговорот се наведува дека Хојт Ји ги известил колегите од американското министерство за надворешни работи за својата одлука.

Хојт Ји на оваа позиција беше од 2013 година, а како негов наследник неофицијално се споменува поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина Џонатан Мур.

Во јавноста се шпекулираше дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во некоја од државите на Западен Балкан.

Инаку, во јавноста се шпекулира дека Хојт Ји би можел да ја преземе должноста амбасадор на САД во една од државите од Западен Балкан.

Прво се споменуваше дека би можел да биде амбасадор во Република Македонија, а според сознанијата на српски Блиц, Хојт Ји можно е да биде амбасадор во Сараево.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 09 јануари 2018 02:09:00
Напишано од Вероника