Телото на Праљак ќе биде тајно пренесено

Пет дена по самоубиството на Слободан Праљак во Хаг и понатаму не е познато кога неговото тело ќе биде вратено во Хрватска, пишува „Индекс.хр“.

img

Холандското обвинителство во петокот ги објави првичните резултати од обдукцијата и соопшти дека во телото на Праљак бил пронајден цијанид. Но сè уште не е познато кога неговото тело ќе биде вратено во Хрватска, односно дали мора да остане во Холандија до крајот на истрагата.

ХРТ истакнува дека телото евентуално за почеток би можело да биде вратено во болницата во која Праљак починал. Од холандскиот Институт за физика, каде што е извршена обдукцијата, велат дека немаат овластување да даваат информации за случајот.

-Знаеме дека Праљак изразил желба неговиот погреб да биде интимен. Едно од можните сценарија е неговото тело да биде пренесено во Хрватска во тајност. Станува збор за шпекулација, но хрватската амбасада веќе два дена не дава нови информации, јавил репортерот на ХТВ од Хаг.

Медиумите објавија дека постои писмо во кое Праљак уште пред неколку години барал во случај на негова изненадна смрт да не биде организиран погреб.

-Не сакам ниту гроб, ниту погреб, а пепелта расфрлете ја по Мирогој (градски гробишта во Загреб), напишал Праљак.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 декември 2017 11:56:00
Напишано од Вероника