Тепачка во живо на телевизиска дебата

На денешната дебата на косовската телевизија Клан ТВ дојде до физичка пресметка помеѓу пратениците Фрашер Красниќи од „Самоопределување“ и Милаим Зека од „Иницијатива“.

img

Прво почнаа да се расправаат со тешки зборови и да си упатуваат навреди по што во еден момент Красниќи фрли вода кон Зека. На тоа, тој одговори со фрлање на предмети, па следуваше физичка пресметка во која Красниќи удри неколку тупаници во главата на Зека.

Сето ова се случуваше во програма во живо, по што водителот мораше да ја прекине емисијата.

 

 

Facebook impact:

Објавено сабота, 30 септември 2017 11:41:00
Напишано од емилија


Последни вести