Уапсен познат бизнисмен, полицијата пронашла 725 кг. марихуана

Полицијата од приморскиот град Валона заплени 725 клограми марихуана и два автомобила.

img

При контрола на четирикатница, сопственост на бизнисмен, полицијата дрогата ја открила на вториот и четвртиот кат.

Упасени се, сопственикот на куќата, познат бизнисмен А.К.(34) и неговиот брат Џ.К.(41), за кого од истрагата била утврдена вмешаност во недозволена трговија со дрога.

Во исто време во соработка со Обвинителството,секторот за економски  и финансиски криминал и други соодветни служби , во тек се активности за утврдување на потеклото и запленување на објектот и бизнисот на А.К.за кој постојат основи на сомненија дека се стекнати од криминална активност,односно недозволена трговија со дрога.

Како што соопштија од полицијата продолжуваат активностите во рамки на Националниот оператвен план за отркивање и  уништување на производството,продажбата и трговијата со наркотични средства,како и запленување на имот  стекнат од кримнални активности.

 

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 септември 2017 10:22:00
Напишано од емилија