Уапсени 139 луѓе поради дрога и оружје

Припадници на српското МВР во повеќе одвоени акции во изминатите денови уапсија 139 луѓе поради сомневање за кривични дела неовластено производство и ставање во промет опојни дроги и недозволено производство, држење, носење и промет со оружје.

img

Поради поседување наркотици уапсени се 96 луѓе од кои се запленети 128,5 килограми опојна дрога, и откриени се седум лаборатории за производство на различни наркотици.

Поради недозволено поседување или носење оружје уапсени се 43 луѓе кај кои се пронајдени 14,5 кг експлозив, ракетни фрлачи, 56 пушки, 36 пиштоли и шест бомби.

Facebook impact:

Објавено недела, 03 декември 2017 04:41:00
Напишано од емилија