Усташки графит на партизанска спомен-плоча во Хрватска

Во хрватскиот приморски град Сплит на спомен-плочата на Првиот сплитски партизански одред бил испишан графит со ознака U и крст, јавува порталот „Индекс“.

img

Плочата, како што пишува хрватскиот портал, и претходно била цел на вандали.

По дојавата за вандализирањето на спомен-плочата, на терен излегол советникот на сплитскиот градоначалник за комунални прашања, а испишаните усташки симболи биле избришани.

Од полицијата за „Индекс“ рекле дека не знаат ништо за вандализирањето на спомен-обележјето.

Facebook impact:

Објавено сабота, 30 септември 2017 04:05:00
Напишано од емилија