Во Србија прогласена е црвена фаза

Поради високите температури, на целата територија на Србија денеска е прогласена „црвена фаза“, јави Танјуг.

img

„Црвената фаза“ означува предупредување за температури од над 38 степени Целзиусови, што можат да бидат штетни поздравјето на луѓето, како и да предизвикаат пожари.

За в петок и викендот, метеоролозите очекуваат температурите да достигнат меѓу 39 и 42 степена. Предупредувањето важи за периодот до 10 август. Потоа се очекува пад на температурите на 30 степени.

Двата шумски пожари во областа на Мионица и кај Неготин, за кои се верува дека настанале поради интензивните горештини, се изгасени.

Жештините инаку го опфатија цел балкански регион. Во вторникот во Босна и Херцеговина е регистрирана и првата жертва – млад човек, на кој му се слошило при трчање, по што почина в болница.

Во Црна Гора и Хрватска, состојбата со пожарите е смирена и под контрола, но тие се се уште активни.

Facebook impact:

Објавено четврток, 03 август 2017 02:04:00
Напишано од емилија