Американскиот претседател Доналд Трамп го дал бројот на својот мобилен телефон на светските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп го дал бројот на својот мобилен телефон на светските лидери за директно да го повикаат, што е невобичаена пракса со која се крши дипломатскиот протокол и ја загрозува безбедноста и тајноста на комуникациите на првиот човек на САД.

img

Трамп ги замолил лидерите на Канада и на Мексико директно да го бараат на мобилен телефон, но можноста ја искористил само канадскиот премиер Џастин Трудо.

Според француски претставници, претседателот на САД разменил броеви и со новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, но не прецизираа дали тој ќе ја искористи отворената линија со Трамп.

– Ако разговарате преку отворена линија секој има можност да ја следи таквата комуникација, сигурно и тоа ќе го направат, изјави поранешен советник на Пентагон, Дерек Колет.

Facebook impact:

Објавено среда, 31 мај 2017 11:47:00
Напишано од емилија