Докторите можеле да го спасат Прљак откако испи отров?

Хрватскиот токсиколог Фрањо Плавишиќ изјави дека интервенцијата на докторите по труењето на Слободан Праљак во Хаг, судејќи по се, не била доволно брза, без оглед на тоа за кого станува збор.
 Вистина е дека брзината е клучна во спасувањето на животот на отруениот пациент, посебно ако не се знае за кој отров станува збор, рече Плавишиќ.

img

Тој додал дека изгледа поминало повеќе време од кога Праљак испил отров до неговото заминување во болница, па интервенцијата била предоцна.
 
Плавишиќ напоменува дека и за најсилниот отров кој ќе се испие потребно е некое време да влезе во крвта, односно да стане смртоносен, а за тоа време докторите можат да помогнат.
 
Плвишиќ напоменува дека Праљак отровот го испил во 11:30, а Брзата помош наводно дошла во Хаг околу 12:30, значи доцнела 1 час.

Facebook impact:

Објавено четврток, 30 ноември 2017 10:58:00
Напишано од емилија