Франција и Холандија ги очекува силно невреме и можни поплави

Француската метеоролошка служба објави зголемено портокалово предупредување во седум источни департмани во земјата поради опасноста од поплави по обилните дождови.

img

Исто така, и холандскиот Метеоролошкиот институт издаде портокалово предупредување поради силните ветрови.

Се претпоставува дека ветерот во западните делови на Холандија ќе достигне брзина од 120 километри на час.

Поради невремето, аеродромот „Схипхол“  досега откажа речиси 60 летови во Европа.

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 11:28:00
Напишано од емилија