Хаос во Германија повредени повеќе од 27 лица!

Најмалку 27 лица се повредени синоќа при верижен судар на 29 возила на автопат во јужниот дел на Германија, јави ДПА.

img

Според германската полиција, еден од повредните во нереќата се наоѓа во критична состојба, додека останатите се очекува во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.

Причина за сударот бил поројниот дожд што во тоа време врнел на автопатот меѓу градовите Аделцхаузен и Оделцхаузен.

Поради сударот неколку часа бил во прекин сообраќајот на овој автопат во правецот кон Минхен.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 04 август 2017 08:55:00
Напишано од Емилија