Истрага на австриската полиција за твит со закана кон Курц

Австриската полиција покрена истрага во врска со твитот на германскиот сатиричен магазин „Титаник“, кој содржи фотографија на министерот за надворешни работи на Австрија и лидер на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц на која има снајперски нишан и текст: „Конечно можно: Да се убие бебе на Хитлер“.

img

Твитот е објавен само еден ден по победата на ОВП на парламентарните избори во Австрија, што на Курц најверојатно ќе му ја донесе функцијата австриски канцелар.

Во истрагата покрај виенската полиција се вклучени и полицискиот оддел за борба против тероризмот и австрискиите разузнавачки служби.

Засега, ниту Курц, ниту неговата партија не го коментираа твитот.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 21 октомври 2017 05:48:00
Напишано од Виолета