МАСАКР ВО СУДНИЦА ВО УКРАИНА: Татко на жртва активираше две бомби

Во судница во украинскиот град Никипол денеска се случи масакр.

img

Татко на жртвата активирал две рачни бомби во текот на судењето. Во експлозијата страдале две лица, а седум се повредени.

Меѓу повредените се и тројца осомничени за убиство, двајца офицери, судски службеник и еден цивил, соопшти полицијата.

Се истражува како човекот внел бомба во судницата. Како што јавуваат медиумите во Украина, инцидентот се случил во Дњипропетровск.

Повредените лица веднаш се префрлени во локалната болница, наведе полицијата.

Не е објавена состојбата на повредените.

Убиството за кое бил обвинет неговиот син се случило 2016 година, кога две лица пукале во жртвата од калашњиков.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 30 ноември 2017 06:17:00
Напишано од Вероника