Мечка усмртила 16-годишно момче во Алјаска

Мечка усмртила 16-годишно момче за време на трка во планинско трчање на Алјаска, соопштија локалните власти. Идентитетот на жртвата засега не е соопштена.

img

Трката се одржала вчера, а натпреварувачот некаде на половина на трката испратил СМС порака дека го брка мечка.

Спасувачите кои тргнале во потрага нашле остатоци од момчето. Ренџерите пукале на мечката и ја погодиле во глава, но животното успеало да побегне.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 19 јуни 2017 02:50:00
Напишано од емилија