Медицински експерти тврдат: Трамп е болен не е способен да биде претседател

Лекарски експерти, кои ги проучуваат тиковите на лицето, начинот на изговарање на речениците и гестовите, тврдат дека американскиот претседател Доналд Трамп боледува од деменција и затоа, според нив, е психофизички неспособен да ја извршува функцијата.

img

На ова се надоврзуваат и шпекулациите дека Трамп има когнитивно-ментални проблеми, поради што е психолошки неспособен да ја води државата. Шпекулациите се појавија во пресрет на објавувањето на редовниот годишен извештај за здравствената состојба на шефот на државата.

Од почетокот на јануари многу медиуми објавија тврдења дека американскиот претседател „има невротички проблеми, дека „е ментално нездрав и сите околу него го знаат тоа“, како и дека интервјуто на Трамп за „Њујорк тајмс“ е „портрет на човек кој деградира когнитивно“.

Неодамна и режисрот Мајкл Мур се придружи на овие тврдења, откако претседателот расчисти со неговиот поранешен советник Стив Бенон, нарекувајќи го погрдно „нуредниот Стив“. Во книга објавена неделава, се појавија компромитирачки коментари на Бенон за синот на Трамп, неговиот советник и за руските врски во изборната кампања.

- Чекај, Трамп мене прв ме нараче „нуредниот Мајкл Мур“, во еден од своите луди твитови. Уште еден признак за деменција. Неспособен да служи, постираше Мур на Твитер.

Мур е голем критичар на Трамп. Претседателот во октомври лани напиша навредливи твитови за театарска претстава на Бродвеј напишана од Мур. 

Претходно, репортер од ТВ мрежата Ем-Ес-Ен-Би-Си цитираше сигурни извори од претседателската кампања на Трамп, кои потврдиле дека тој покажувал рани знаци на деменција.

На сето ова се надоврза и неговото наводно незнаење на зборовите на химната, кога во текот на отварањето на плејоф мечот на американската фудбалска колеџ лига во понеделник навечер, Трамп не успеа нормално да ја испее химната за време на интонацијата.

Според многумина, и ова било знак дека тој е психички неспособен да биде претседател.

Белата куќа ги отфрли тврдењата за болеста на Трамп како „засрамувачки“ и „смешни“. 

Американските медиуми деновие имаат набиена агенда со репортажи и стории за претседателот и неговата Администрација. 

Настаните се случуваат со вртоглава брзина: Се известува за скандалот околу руските врски на изборниот штаб на Трамп и за ревизијата на законот за имиграција, а се очекуваат нови заминувања на високи официјални лица од Белата куќа. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 10 јануари 2018 07:22:00
Напишано од Вероника