Огромен пожар беснее во Калифорнија

Во реонот на калифорнискиот град Санта Паула избувна пожар што се шири со голема брзина, поради што се евакуирани 500 станбени објекти и институции.

img

Меѓу евакуираните лица се и речиси 400 ученици од локалниот колеџ. Според информациите објавени од американските медиуми, едно лице го загуби животот, а стотици се евакуирани.

Пожарот зафатил површина од 5.000 хектари, а огнената стихија тешко се контролира поради силните ветрови кои се движат со 115 километри на час.

Причината за пожарот се уште не е позната.

 

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 05 декември 2017 10:13:00
Напишано од емилија