Осумнаесет лица загинаа во поројните дождови во Кина

Осумнаесет лица загинаа, и уште толку се водат како исчезнати во поројните дождови, што го зафатија североисточниот дел на Кина.

img

ТАСС јави дека, 120.000 лица се евакуирани од невремето во провинцијата Цзилин.

Оштетени се голем број патишта и прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

Регистрирани се материјални штети во домовите на 320.000 лица.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 17 јули 2017 02:53:00
Напишано од емилија


Последни вести