По САД, Израел се повлекува од УНЕСКО

Израел ќе се повлече од членство во УНЕСКО, најави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

img

 Премиерот Нетанјаху побара од Министерството за надворешни работи да подготви се што е потребно за државата да се повлече од членството во УНЕСКО, по чекорот што го презеде САД, соопшти Кабинетот на премиерот

Нетанјаху во соопштението го поздравува потегот на САД да се откажат од членството во оваа организација на ОН поради, како што наведува, „антиизраелски“ ставови.

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 07:47:00
Напишано од емилија