Полиција „неутрализирала“ напаѓач, кој планирал напад со автомолбил-бомба

Турската полиција „неутрализирала“ напаѓач, кој планирал напад со автомолбил-бомба во градот Суруч, во округот Шанлаурфа, во југоисточна Турција, пренесе весникот „Хуриет дејли њуз“.

img

Полицијата отворила оган врз автомобилот, за кој имало сомненија дека е наполнет со експлозиви, откако возачот одбил да ја послуша наредбата да запре.

Осомничениот напаѓач од автомобилот бил „нетурализиран“, посочи турскиот весник.

Турските власти во своите соопштенија го употребуваат терминот „неутрализиран“ за да посочат дека сомнителното лице е убиено, рането или заробено.

Весникот „Џумхуриет“ пишува дека терористот сакал да изврши напад врз полициската управа во градот.

По инцидентот полицијата презела засилени безбедносни мерки во реонот.

На 20 јули 2015 година во самоубиствен бомбашки напад во Суруч, насочен против млади курдски активисти, беа убиени 34 лица. Турските власти за нападот ја обвинија групата Исламска држава.

Facebook impact:

Објавено петок, 21 април 2017 20:02
Напишано од sasho




Барај

Последни вести