Пожар изби во Кулата Трамп во Њујорк

Засега нема информации за причината за пожарот.

img

Пожар изби на еден од последните катови на Кулата Трамп во Њујорк, објавија американските медиуми.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот.

Засега нема информации за причината за пожарот, во чие гаснење учествуваат 100 пожарникари.

 

Седиштето на бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е облакодер од 58 катови во центарот на Менхетн, каде се наоѓа и домот на семејството Трамп. Покрај луксузни станови во Кулата Трамп во Њујорк голем број компании имаат свои седишта.

 

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 08 јануари 2018 02:44:00
Напишано од емилија