Пожар од страшни размери му се заканува на Лос Анџелес

Неколку илјади калифорниски пожарникари деновиве се борат со пожари северно од Лос Анџелес каде што властите наредија евакуација на жителите од неколку квартови.

img

Жителите на населбите помеѓу Малхоленд Драјв на северот и Сансет Булевар на југот добиле наредба за евакуација, соопштија од противпожарните служби. Во средата наутро пожарот уништил 20 хектари вегетација и се уште не е ставен под контрола. Музејот „Гети“ и кампусот на Универзитетот од Лос Анџелес се наоѓаат во близина на зоните на пожарот.

Денес градот се задушува во густ чад откако гигантски пожар изби во понеделникот во округот Вентура, северно од Лос Анџелес. Помогнат со силниот ветер, пожарот сега зафатил дури 26 илјади хектари, претставува закана за 12 илјади објекти и поради пожарот биле евакуирани 27 илјади лица.

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку својот профил на социјалната мрежа Твитер се огласи и испрати порака со поддршка за жителите, а од Агенцијата за управување со итни случаеви (FEMA) навеле дека се деблокирани средствата за помош на службите.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 01:50:00
Напишано од емилија