Продолжена вонредната состојба во Египет

Египетските власти ја продолжија вонредната состојба за уште три месеци, по првичното воведување во април, по атентатите во црквите, каде имаше десетици загинати.

img

Претседателот Абдел Фатах Сиси издаде указ за продолжување на вонредната состојба, откако завчера истече претходниоот рок.

Според весникот „Ахрам“, новиот, трет по ред, тримесечен рок започнува од утре.

Во април Сиси прогласи вонредна состојба по нападите во две цркви, при што загинаа најмалку 46 лица. Одговорноста за нападите ја презеде групата Исламска држава.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 06:12:00
Напишано од емилија