Путин го доби најслаткиот подарок за својот роденден

Претседателот на Русија Владимир Путин доби неочекуван подарок за својот роденден од претседателот на Туркменистан.

img

Имено претседателот на оваа држава на рускиот претседател му подари куче од расата средноазиски овчар по име Верни.

 

А пред почетокот на нивниот состанок претседателот на Туркменистан изјави дека од се срце му го честита роденденот на Путин и му посакува здравје, среќа и се најдобро во животот.

Додека Путин рече дека двајцата претседатели сега имаат еден заеднички пријател кој е единствен од оваа древна раса.

Facebook impact:

Објавено среда, 11 октомври 2017 04:51:00
Напишано од емилија