Училиштата во Атина затворени поради снегот

Во поголемиот дел од Грција денеска се регистрирани многу ниски температури и обилни врнежи од снег, кои се очекува деновиве да преминат во дожд поради временски влијанија кои доаѓаат од запад.

 

img

Во Атина некои автобуски линии не работат поради снег и лапавица на улиците, а некои патишта во северните делови на градот ќе останат затворени.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, училиштата и градинките во грчкиот главен град денеска поради мразот ќе бидат затворени, соопштија синоќа локалните власти. Тие, исто така ги повикаа Атињаните да го ограничат свoето движење за да се избегнат несреќи и заглавувања во снегот.

– Општината е подготвена да ги заштити бездомниците, а наши екипи фрлаат сол по улиците за да се обезбеди пристап до болниците, се додава во соопштението.

Facebook impact:

Тагови:

Атина снег

Објавено вторник, 10 јануари 2017 11:39
Напишано од elenaM



Барај

Последни вести