Висечки мост падна - 11 загинати меѓу нив и деца

Најмалку 11 лица загинаа, а неколку се повредени кога падна висечки мост во рурален дел на Колумбија, јавуваат локалните медиуми.

 

img

Несреќата се случила во близина на селото Виљависенсио кога мостот направен од даски и јажиња се откачил. Се верува дека конструкцијата на мостот попуштила поради прекумерна тежина.

Мостот е локална туристичка атракција, а во моментот на несреќата на него имало повеќе луѓе, јавува Би-Би-Си.

Меѓу загинатите има и деца, кои паднале во провалија длабока 80 метри.

Тагови:

Мост Загинати

Facebook impact:

Објавено вторник, 10 јануари 2017 11:32:00
Напишано од elenaM