Во Индија потона траект со ученици

Индиски ферибот, кој превезувал деца од училишна возраст потона во Арапското Море, при што двајца ученици се удавија, а шестмина се сметаат за исчезнати, соопшти денеска полицијата.

img

Полицијата соопшти дека 32 деца биле спасени по несреќата што се случи пред брегот на индиската држава Махараштра.

Официјални претставници на индиската крајбрежна стража соопштија дека продолжуваат со потрагата во морето, користејќи авиони, хеликоптери и бродови.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 13 јануари 2018 03:29:00
Напишано од Вероника