Во последен момент се откажа од кобниот лет

Русинот Максим Коломејцев требало да се качи на летот од Москва до Орск, но се предомислил во последен момент. Таа одлука му го спаси животот.

img

Тој планирал да го прослави 37. роденден со девојката и родителите, но наместо тоа се одлучил за краток одмор во скијачки центар.

-Дознав за несреќата додека бев на скијање. Сите почнаа да ме повикуваат, очекував дека ќе ми го честитаат роденденот. Наместо тоа, сите ме запрашуваа за летот и дали сум добро. Сите знаеја дека треба да бидам на тој лет, но не и дека ги сменив плановите, потенцира тој.

Како што вели, ова му е трет пат како со вистинско чудо избегнува несреќа.

-Пред некои 5-6 години, каснев десетина минути на минубус од Оренбург кон Орск. На крајот зедов такси, а се утврди дека тој автобус доживеа судар во кој немаше преживеани. Другиот пат, требаше да патувам со такси во друг град, но се задржав на работа и одлучив да не одам. Тоа такси исто така имаше судар, се присетува Максим.

Инаку, авионот на руската компанија „Саратов ерланс“ во кој имаше 71 лице, се урна на подрачјето на московскиот регион, и сите патници загинаа.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 12 февруари 2018 09:08:00
Напишано од емилија