Во тек е нов масовен кибер напад со вирусот „Адилкуз“, предупредуваат ИТ експерти

Во тек е нов огромен хакерски напад, што може да зафати стотици илјади компјутери низ светот, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на експерти по кибер безбедност.

img

По петочниот напад со вирусот изнудувач „Вонакрај“ (WannaCry), експертите од американската фирма за кибер безбедност „Пруфпоинт“ (Proofpoint) откриле нов кибер  напад, надграден од оној на „Вонакрај“. Вирусот го нарекле „Адилкуз“ (Adylkuzz), а тој ја користел ранливоста на оперативниот систем „Виндоус“ (Windows) на Мајкрософт (Microsoft), што компанијата тврди дека го корегирала, изјави Никола Годие, експерт по кибер безбедност во „Пруфпоинт.“

– Се уште не ја знаеме големината на штетите, но можно е да се заразени стотици илјади компјутери, изјави Роберт Холмс, потретседател на американската фирма за кибер безбедност. Тој новиот напад го оцени како многу поголем од оној со „Вонакрај“.

Вирусот „Адилкуз“ проникнува во компјутрите на истиот начин како „Вонакрај“. И тој го искористува истиот дефект во Виндоус, за да се шири.

Заразените компјутри почнуваат да работат побавно. Тие до криптирани адреси префрлаат по неколку илјади долари, без знаење на корисниците. Префрлањата се спроведуваат со криптовалутата Монеро, која е слична на биткоинот.

Facebook impact:

Објавено среда, 17 мај 2017 04:11:00
Напишано од sasho