Воз уби 17 ирваси

Воз во Норвешка налета на стадо ирваси, по што 17 од нив загинаа. Во изминатите денови во слични несреќи, настрадаа повеќе од 100 ирваси.

img

Тор Брекан од железничката фирма „Бане НОР“ изјави дека најновиот судар со животните се случил на 20 километри од местото каде во саботата воз уби 65 ирваси.

Брзината на движењето на возовите веднаш е намалена долж делницата од 32 километри на најдолгата норвешка пруга меѓу Трондхејм во централна Норвешка и Бодо, северно од Поларниот круг. Државната железничка станица соопшти дека претходно не ги известила машиновозачите за присуството на животни на пругата и за потребата да ја намалат брзината.

Од 22 до 25 ноември, возови осум пати удрија во ирваси и убија 110 животни.

Од 2013 година, вкупно 3.372 ирваси, овци и лосови настрадаа на таа пруга, долга 729 километри, покажуваат податоците на норвашката железница НРК.

Сири Мартинсек, шефица на норвешката група за права на животните НОАХ изјави за норвешката телевизија дека ќе поднесе пријава во полиција и оти некој мора да одговара за тоа што се случува.

По најновите инциденти, норвешката железница најави дека ќе вложи 3,48 милиони евра за да ја продолжи оградата и на тој начин да ги заштити животните. ()

Тагови:

ирваси воз

Facebook impact:

Објавено четврток, 30 ноември 2017 10:33:00
Напишано од емилија