Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер

Силен земјотрес, со магнитуда на ударот од 6,1 степени според Рихтер, денеска го погоди островот Тонга, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американскиот Геофизички институт.

img

Засега нема податоци за настрадани лица и предизвикана материјална штета, ниту, пак, е издадено предупредување за цунами.

Силниот потрес се случил на длабочина од 97 километри под морското дно, јавија британските медиуми.

ТАСС пренесе дека епицентарот на земјотресот бил на 212 километри источно од главниот град на Тонга, Нукуалофа.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 17 јули 2017 02:50:00
Напишано од емилија


Последни вести