Четири светски метрополи ќе го забранат дизелот до 2025 година

Градоначалниците на Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина најавија дека ќе воведат строга забрана за да го подобрат квалитетот на воздухот во градовите со кои управуваат во моментов.

img

Оваа обврска беше наложена за време на двегодишната средба на градоначалниците на 40-те најголеми метрополи, што се одржа во Мексико.

За таа цел ќе бидат поделени парични стимулации, а друга насока ќе биде развој на урбаната инфраструктура, стимулирање на пешаците и велосипедистите.

Дизел моторите се подложени на тотален напад во последните неколку години, а причината е здравјето на луѓето (и секако политиката). Светската здравствена организација тврди дека околу 3 милиони смртни случаи годишно се поврзани со изложување на силно загаден воздух.

Дизел моторите придонесуваат за загадувањето на воздухот на два основни начини - фини тврди честички и азотни оксиди. Честичките влегуваат во белите дробови и може да предизвикаат кардиоваскуларни болест и смрт. Азотните оксиди помагаат при обликувањето на Земјината озонска обвивка, кој предизвикува тегоби при дишењето, дури кај луѓе без респираторни проблеми.

Силно расположение за пристапување кон овој потфат има и во Велика Британија, каде што се води кампања за побрза реакција од страна на владата.

На средбата С40 градоначалниците на четирите градови изјавија дека ќе „направат сѐ што е во нивна моќ за да обезбедат парични бонуси за луѓето кои преферираат купување на електрични, водородни или хибридни автомобили.“

Париз веќе презеде серија на чекори за намалување на штетното влијание на дизел автомобили и камиони. Влегувањето во градот веќе е забрането за автомобили регистрирани пред 1997 година, а ограничувањата се зголемуваат секоја година. До 2020 година еднаш месечно „Шанзелизе“ е затворена за секакви автомобили, а неодамна 3 километри се протегаат на двонасочен пат на десниот брег на Сена кој веќе е пешачка зона.

Многу од мерките за намалување на загадувањето на воздухот веќе даваат резултат во некои градови. Во Барселона дополнителните патувања со јавни велосипеди ги намалиле CO2 емисиите со над 9000 од она што е еквивалентно на над 21 милиони километри поминати со автомобил.

Facebook impact:

Објавено недела, 04 декември 2016 02:15:00
Напишано од Ирина