Хибридниот камион „Никола“ е возило од иднината

Сте слушнале за хибридните автомобили „Тесла“, но веројатно не сте слушнале за хибриден камион под името „Никола“. Имено, ова е втор пат најпрестижните производи во областа на транспортот во Америка да го носат името на познатиот научник Никола Тесла.

img

„Никола“ е камион кој ќе го покренува акумулатор со водород и кој со едно полнење може да помне 1.900 километри.

Силата на камионот е доволна да произведе влечна сила за транспорт на 36 тони товар, со автономија од 2.000 километри. Исто толку има и коњски сили и неверојатни 5.000 њутнметри максимален обртен момент.

- Ова е најнапреден камион некогаш направен. Една од иновациите е паметната табла, која им овозможува на возачите да го изберат најкраткиот пат. Во кабините има и кревети, Епл ТВ, вајфај, пристап на 4G мрежи, но и фрижидер, замрзнувач и микробранова – вели Тревор Милтон од компанијата „Никола 1“.

Потенцијалните купувачи се привлечени со тоа што камионот им се нуди на лизинг. Мамка е и понудата на бесплатен метан за првите 1,6 милиони километри, кои ќе бидат покриени со цената на лизингот.

- Најголем проблем за ова возило е токму немањето на инфраструктура која ќе пружа услуги како што е полнење со гориво. Поради тоа, оваа, но и други компании планираат да произведуваат свое течно хидрогенско гориво кое ќе се продава во САД и Канада од 2018 година – истакна Волфганг Бернард од „Дајмлер камиони”.

Цената на закупот не ја открија во компанијата „Никола 1”, но прифатија резервации во износ од околу три милијарди долари (толку според проценките чинат 7.000 камиони). Нивниот план до 50.000 возила годишно, колку што планирале да произведат, велат аналитичарите, е малку преамбицизен.

Facebook impact:

Објавено недела, 18 декември 2016 21:10
Напишано од Ирина




Барај