Летечкиот мотор Flike стана реалност за голем број ентузијасти

Можеби сте слушнале како мотоциклистите велат дека чувството на моторот е како летањето со мал авион ниско над земјата. Па, оваа дефиниција веќе е исполнета во буквална смисла бидејќи за 100.000 американски долари секој може да го почувствува тоа.

img

Flike е вкрстување помеѓу мотоцикл и хеликоптер со што ги доставува задоволствата од двата вида на превоз во еден уред.

Идејата зад Flike, чија прв концепт за управувачки  трикоптер беше претставена во текот на летото на 2004 година, е едноставна: превоз на човек со дрон.

Ако сакате, може да го сметате Flike за трикоптер кој практично е голем дрон со три ротори, а не четири. Два напред, еден назад. Секој од нив се состои од перка и два електромотори. Иако прецизни спецификации не се достапни, струјата се обезбедува од батерија и мал мотор со внатрешно согорување.

Оваа конфигурација овозможува иновативното возило со лесна конструкција до достигнува до брзина од 100 км/ч (електронски ограничена).

Максималната висина исто е ограничена - 30 метри над земјата, бидејќи недостасува кабина за заштита на пилотот. Flike е дизајниран да може да се справи со товар до 100 килограми и да може да лета до еден час.

Facebook impact:

Објавено вторник, 22 ноември 2016 02:01:00
Напишано од Ирина


Последни вести