Поглед кон новиот Audi A8: Целосно активна суспензија која нуди максимална удобност и динамичност

 - Главниот електричен систем од 48 волти му дава моќ на електромеханичкиот систем за суспензија

- Динамичкото управување со сите тркала го решава судирот на интересите меѓу агилноста и стабилноста

- Глобално прв: Подигнување на телото за време на страничен удар за подобрување на пасивната безбедност

img

 

Новиот Ауди А8 ги докажува разновидните перформанси на патот. Благодарение на активната суспензија, корисниците ориентирани кон удобност  добиваат  бизнис лимузина која нуди стилско непречено возење со огромни погодности. Возачите ентузијасти ги добиваат сите карактеристики на спортски автомобил. Оваа флексибилност е овозможена благодарение на новата активна суспензија базирана на електричниот систем од 48 волти, кој за прв пат се користи како главен електричен систем. Новиот Ауди А8 го прави своето светско деби на Самитот на Ауди во Барселона на 11-ти јули. 

Целосното новата активна суспензија на Audi A8 е потполно активна, електромеханичкиот систем за суспензија, кој го одвојува секое тркало поединечно и се прилагодува на преовладувачките услови на патот. Секое тркало има електричен мотор кој се напојува со електричен систем од 48 волти. Дополнителните компоненти вклучуваат запчаници, ротациона цевка заедно со внатрешна торзиона лента со титаниум и рачка којашто доведува до 1.100 Nm (811.3 lb-ft) на суспензијата преку спојката. 

Благодарение на предната камера, луксузната лимузина рано ги открива испакнатините на патот и предвидува прилагодување на активната суспензија. Дури и пред автомобилот да стигне до нерамнината на патот, функцијата за преглед што ја разви Audi ја пренесува точната количина на придвижување до актуаторите и активно ја контролира суспензијата. На овој начин суспензијата реагира токму во вистинско време, практично целосно елиминирајќи ги вибрациите и ударите. Овој комплексен процес трае само неколку милисекунди, при што камерата генерира информации за состојбата на патот 18 пати во секунда. Електронската платформа на шасијата (ECP), ги обработува информациите за површината на патот и прецизно ги контролира сите компоненти на суспензијата речиси во реално време. Во комбинација со воздушната суспензија, фино подесена за A8, иновативниот концепт на суспензија обезбедува целосно ново чувство за возење на свој, единствен начин. Без оглед на високото ниво на удобност, новиот луксузен седан се наоѓа прикотвен на патот дури и во динамичниот стил на возење. 

Активната суспензија специфично влијае и ги минимизира тркалачките движења при свиоците и наклонувањата при сопирање или забрзување. Возачот може динамично да вози додека го држи возилото под потполна контрола или пак додека опуштено работи во задниот дел во автомобилот. 

Иновативната комбинација на динамично управување на задната оска го решава конфликтот помеѓу агилноста и стабилноста, преку динамичното управување со сите четири тркала: управувачките карактеристики се спортски и директни, а истовремено обезбедуваат високо ниво на стабилност при маневрирање; Чувството на управувачот опфаќа широк распон од удобно подесување до интензивен фидбек од тркалата. Кругот на вртење на A8 е помал од оној на A4.

 Во поглед на претпазливиот 360° безбедносен систем на Audi, активната суспензија на новото Audi A8 ја води пасивната безбедност на потполно ново ниво. Системот користи сензори кои се вмрежени во централниот контролен асистент на возачот (zFAS), кој детектира ризик од незгода околу автомобилот. Во случај на неизбежен страничен судир при брзина поголема од 25km/h, актуаторите на суспензијата го подигаат делот од автомобилот изложен на ударот до 80 милиметри, во помалку од половина секунда. Како резултат на ова, ударот е пренасочен кон уште посилните делови на лускузниот седан, како што се страничните столбови и подната структура. Затоа, оптоварувањето кон патниците е намалено за дури 50%, споредено со страничен удар каде автомобилот не се подига.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 30 јуни 2017 03:56:00
Напишано од g0sh3