Зимска идила во Блед, Словенија со која ќе се почувствувате како да сте дел од Дизни бајка

Во зима речиси сите градови изгледаат магично како од бајка бидејќи и најголемиот дел од празниците се прославуваат во зимскиот период па сите градови се украсени по повод Божиќните и Новогодишните празници. Блед во Словенија е уште еден град кој нуди прекрасна зимска идила.

img

Се наоѓа во Северозападна Словенија и е познат по леденичкото Бледско езеро. Во тој предел најпознатото место е во регионот Горењска, а воедно и во Словенија. Ова езеро е вистинска туристичка атркација и направи Блед да биде познат кај туристите. 

Арнолд Рикли е авантурист од Швајцарија кој придонесол за развојот на туризмот во Блед. Посетуван бил од страна на аристократски гости од целиот свет. Денес Блед е важен центар за конвенции и туристички центар кој нуди широк спектар на спортски активности.

Во леденичкото езеро сместен е и мал остров со црква, за кое луѓето веруваат дека ако одѕвоните со камбаната ќе ве следи среќа. Местото е опколено со планини и шуми кои во зимскиот период се натрупани со снег и ќе почувствувате како да сте дел од некоја бајка на Дизни. Доколку не сте испланирале каде ќе отпатувате оваа зима, нека биде тоа магичниот Блед.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 10 октомври 2017 07:34:00
Напишано од емилија