Дали ви е предодредено да остарите заедно?!

Дознајте кои се двата неразделни хороскопски пара, како тие ги решаваат проблемите, каков начин на живот имаат и какви се нивните ставови во врска со неверството и довербата…

 

img

Девица и Водолија

Компатибилноста меѓу Девицата и Водолијата е запишана во ѕвездите! Причината за нивното меѓусебно разбирање лежи во одговорот на главните животни прашања. Водолијата лесно „паѓа“ на привлечноста на Девицата, нејзиниот прониклив ум, вештини, уреден живот и опкружување. Но, и сонувачката природа на Водолијата силно ја привлекува Девицата. Овде станува збор за магијата на спротивните пола на магнетот.

И Водолиите и Девиците уживаат во интелектуални дискусии, љубопитни се и се интересираат за нови идеи и концепти. Кога ќе наидат на некакви потешкотии, тие се подготвени да најдат соодветно решение. Но, доколку Водолијата почне да дели памет како што понекогаш знае да прави, Девицата многу ќе се изнервира. Ваквите ситници понекогаш можат да ги разделат, но тоа зависи од интензитетот на љубовта и од нивната посветеност на врската.

Лав и Терезија

Ова е најинтересниот пар во зодијакот. Гордиот Лав ќе ужива во љубовта со која несебично ќе го опсипува великодушната Терезија. Меѓутоа и Терезијата поседува силна личност, така што нема да дозволи да биде излажена од лавовскиот став. И двајцата умеат да бидат многу нежни, а кога се во друштво си обрнуваат внимание еден на друг, но не ги запоставуваат ниту другите.

Нивниот живот понекогаш знае да биде навистина гламурозен, а со оглед на тоа што и двајцата уживаат во тоа, нема да дојде до конфликт. Терезијата отворено ќе ја покажува нејзината посесивност, но доминантниот Лав воопшто не обрнува внимание на такви ситници. Најважно е тоа што и двајцата поседуваат одлични комуникациски вештини. Тоа е тајната на нивната успешна љубов. Без разлика каков проблем ќе им се појави, тие веднаш ќе го решат со разговор.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 17 јуни 2017 04:45:00
Напишано од емилија