Еве како ќе го препознаете секој хороскопски знак на плажа

Не е тешко да ги препознаете хороскопските знаци додека се на плажа. Кој сака мирно да се сонча, а кој сака да се искачи на највисоката карпа?

img

Има такви кои обожаваат да се „ставаат“ на групи непознати луѓе, но и оние кои обожаваат да си пивнат на плажа.

Што прави вашиот хороскопски знак на плажа?

Овните не седат мирно кога се на плажа. Секогаш прават нешто за што другите немаат храброст. Бидејќи нервите не им дозволуваат да стојат во едно место, постојано се местат во пози за да го истакнат најдоброто од своето тело.

Биковите сакаат да бидат цареви на плажа, инаку ништо нема да има смисла. Обожаваат да ја преселат целата дневна соба и секако – фрижидерот. Единствениот проблем кој не сака да го има во лето е да биде гладен, па затоа постојано нешто јаде и пие.

Близнаците се зависни од информации, па затоа и на плажа се обидуваат да останат во елемент – да ги запознаат сите нови лица, постојано да се движат меѓу непознати и да флертуваат со секој кој ќе им прати поглед.

Раковите, на големо изненадување, се авантуристички настроени кога се на одмор. Ќе се обидат да стигнат до најдалечното островче, на пример. Но, кога ќе биде на мирна плажа може цел ден само да лежи, да чита и да ги прислушува разговорите на другите.

Лавовите се разиграни деца на плажа, апсолутно најатрактивни и секогаш расположени за нешто ново. Ако имаат можност, ќе се расоблечат голи, секогаш и секаде. Енергијата која ја носат освојува само ако лежалката ви е сместена до нив, без никаков контакт.

Девиците попрво би се нашле на планина отколку на плажа, па затоа постојано ќе се мачкаат, ќе бараат сенка и ќе се жалат како им е жешко. Во торбата имаат работи за прва помош и преживување, како ноже и сигнална ракета.

Вагите лесно ќе ги познаете бидејќи се меѓу најзгодните, имаат најголема чанта со секакви реквизити и се журкаат со друштвото. Досадно им е само да лежат и да се сончаат, па 90% од времето се во вода.

Скорпиите обожаваат плажа и таму се им е забавно – од нуркање, до скокање од карпи до изнемоштеност. Сакаат да му додеваат на партнерот и да иницираат секси игри во вода, во шума, зад карпата... секаде.

Стрелците обожаваат активен одмор, па затоа најмногу пари трошат на скутери и други активности во вода. Сепак, прво ќе се потрудат да фатат добра боја за да има со што да се фалат кога ќе дојдат дома.

Јарците и на плажа се практични до болка, па имаат се што им треба и изгледаат како да се селат на неколку дена. Најголема радост им носат летните книги прочитани додека лежат на лежалка, и секако – прислушувањето на другите.

Водолиите се обично оние кои мирно спијат покриени со пешкир, бидејќи веќе ги испробале сите глупости кои можеле да се пробаат. Ги изнасмеале сите околу себе, испиле добра количина алкохол и сега е време за рестарт.

Рибите едноставно обожаваат лето, па затоа бараат мирни и пусти плажи, без многу луѓе. Покрај излежувањето на плажа, обожаваат пикник и скара со друштво, па затоа не сакаат да се приберат во смештајот. Колку поблиску до морето – толку подобро е нивното мото.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 31 јули 2017 02:40:00
Напишано од Виолета