Хороскопот и возењето: Кои се најдобри, а кои најлоши возачи?

Хороскопскиот знак влијае и на вашите возачки особини. Забавувајте се и дознајте какви се вашите од текстот во продолжение, во кој знаците се подредени од најлошите кон најдобрите возачи.

img

Американското истражување кое било спроведено на 100 илјади испитаници покажало дека најмногу сообраќајни казни добиваат возачите кои се родени во хороскопскиот знак Риби. По нив следуваат Овните, Водолиите, Јарците и Вагите.  

Најмалку казни добиле Девиците, Стрелците и Близнаците. Вагите учествувале во најголем број сообраќајни несреќи, а по нив следуваат Шкорпиите, Јарците, Овните и Водолиите. Во најмалку несреќи учествувале Близнаците, Раковите и Лавовите.

Вага

Вагата копнее за рамнотежа и не сака да донесува брзи одлуки. Тоа не е добра карактеристика за возењето, бидејќи зад воланот често треба брзо да се реагира.

Водолија 

Иако и двата спаѓаат во воздушни знаци, Водолијата е сосема спротивна на Вагата. Додека Вагата не сака да одлучува набрзина, Водолијата е доста импулсивна. Да го додадеме и тоа што со неа управува Уран, планетата која карактеризира брзина и немир, добиваме личност која воопшто не се чувствува сигурно во сообраќајот.

Овен 

Овенот е егоцентричен знак и најчесто мисли само на себе, па затоа има тенденција и да претекнува пред да ги провери намерите на другите возачи. Поради тоа, евентуалната сообраќајна несреќа е речиси неизбежна.

Риби

Рибите не се силни како Овенот, но тие поминуваат многу време мечтаејќи за животот. Возењето бара потполна концентрација, нешто што многу Риби едноставно не може да го овозможат.

Шкорпија 

Шкорпиите се склони кон лудување на патиштата што е поврзано со нивниот инстинкт за одмазда на оние кои им направиле нешто лошо. Доколку им го пресечете правецот на патот, голема е веројатноста дека ќе ве следат со цел да ви го направат истото.

Бик

Бикот пати од слични проблеми како и другиот животински знак, Овенот. Тој знае да вози само по свое, а заради својата изразена тврдоглавост има тенденција да минува на црвено светло.

Стрелец 

Стрелците сакаат да ризикуваат. За среќа, тие се искусни во тоа, но исто така сакаат да зборуваат, па често можете да ги видите како телефонираат додека возат, а добро е познато колку тоа може да биде опасно.

Јарец 

Јарците се често сосредоточени исклучително на целта што значи дека повеќе размислуваат за крајната дестинација отколку за тоа како ќе стигнат до неа. Може и да си мислат дека сообраќајните правила се напишани за другите возачи, за оние невнимателните, а не за нив.

Девица

Девиците се многу детални и систематични, па затоа секогаш се држат до пропишаната брзина и не им е тешко да застанат на кочницата. Единствено нешто што може да предизвикаат е колона возила зад нив.

Рак 

Овој воден знак е предодреден за семеен живот, па дури и на останатите соучесници во сообраќајот гледа како на членови на своето проширено семејство. Меѓутоа, Раковите се доста чудни, па на пример, може сосема непотребно да свират.

Близнаци

Близнаците се одлични во извршување на повеќе работи одеднаш, па затоа се способни да возат додека нанесуваат шминка, менуваат радио станици и пијат кафе. Секако, тоа никако не смеете да го правите додека возите.

Лав

Огнените Лавови се великодушни и сакаат да го делат патот со останатите возачи, а можеби и токму нивното големо его ги тера да бидат најдобри возачи.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 05 октомври 2017 07:50:00
Напишано од емилија