Како хороскопските знаци се носат со раскинувањата?

Скршеното срце по раскинувањето, луѓето го исцелуваат со долги разговори и анализирање на ситуацијата од секој агол, додека некои бараат утеха во алкохолот и излегувањата.

img

Откриваме како хороскопските знаци се носат со раскинувањата и разделбите:

ОВЕН

Ќе се обидете да заведете некој од друштвото на својата поранешна љубов или уште подобро, некој негов роднина.

БИК

Емоциите го презвемаат вашиот живот па пушувате лоши песни, есеи или налутена проза.

БЛИЗНАЦИ

Ширите шпекулации за личноста која ви го скршила срцето, се со цел да и го уништите угледот.

РАК

Праќате пораки, се јавувате, претерувате со обидите да стапите во контакт бидејќи одбивате да верувате дека е крај.

ЛАВ

Смислувате одвратни прекари за вашата поранешна љубов.

ДЕВИЦА

Носите одлука дека ќе промените се на себе. Нова фризура, нови пријатели, нова работа, нов град, нова држава, нова планета… но за среќа тоа лудило брзо ви поминува.

ВАГА

Се претварате во личност која ќе ужива и ќе претерува во се. Премногу храна, пијалоци, премногу излегувања.

СКОРПИЈА

Ги фрлате сите работи кои се поврзани со вашата пропадната врска бидејќи несакате негативна енергија во домот.

СТРЕЛЕЦ

Сакате излегувања и патувања, но после раскинување најчесто се затварате дома и одбивате да се појавите во јавност. Доставата е ваш надобар пријател во тој период.

ЈАРЕЦ

Драматично ги враќате сите работи и демонстративно заминувате од личноста која “ви го уништила животот”, а тоа ќе го повторите минимум 10 пати во 10 минути.

ВОДОЛИЈА

Започнувате со битка и се обидувате да ги превземете сите ваши заеднички пријатели, дури и оние кои на почетокот биле пријатели на вашата поранешна љубов.

РИБИ

Наместо да не се замарате со минатото, одлучувате да живеете во него и да го шпиунирате секое движење на личност која повеќе не е вашата подобра половина.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 25 декември 2017 02:40:00
Напишано од Вероника