Какви авантури сакаат хороскопските знаци?

Патувањата ги прошируваат видиците и ја збогатуваат душата, без разлика дали патувате со друштво или сами. Некои ја претпочитаат удобноста на хотелот, додека други немаат проблем со спиењето на плажа или железничка станица, сè додека се некаде надвор и го истражуваат светот.

img

Секој знак во зодијакот се држи до некои свои навики, кога се во прашање патувањата. Во продолжение, погледнете која е Вашата совршена авантура. 

Овен

Овните живеат за патувањата. Тие сакаат да истражуваат нови места и се исклучително друштвени. На нив не им претставува проблем да спијат на аеродроми и железнички станици, бидејќи тие се едноставни личности кои ќе направат сè додека имаат прилика.

Идеална земја: Тајланд.

Бик

Практични, цврсти и аналитични, Биковите сакаат пеш да прошетаат сè што дозволува да се прошета. Тие сакаат нивните трошоци за патувањата да ги сведат на минимум, па затоа често бараат попусти на летови и сместување.

Идеална земја: Бразил.

Близнаци

Близнаците сакаат да патуваат со пријателите и членовите на семејството бидејќи по природа се друштвени битија. Тие се фасцинирани од светот и како таков сакаат целосно да го истражат. Сакаат комфор па затоа бираат куфер наместо ранец и хотел наместо евтин апартман.

Идеална земја: Италија.

Рак 

Раковите имаат проблем со ориентација и се зависни од електронските мапи и водичи, но многу добро помнат каде јаделе добра храна. Без обѕир на тоа што имаат потешкотии при ориентацијата, тие го гледаат патувањето како предизвик.

Идеална земја: Мароко.

Лав

Вистински авантурист, хумористичен и весел, Лавот е одличен сопатник. Тој ги обожава музичките фестивали и егзотичните земји и секогаш наоѓа начин како да се забавува. Со него никогаш нема да Ви биде здодевно.

Идеална земја: Шпанија.

Девица

Девицата е вистински доказ дека “еднаш се живее”. Тие трагаат по авантура и не се просечни туристи. Музеите, градбите и парковите не се нивните омилени места, но затоа можете да ги најдете како уживаат во нуркање, планинарење, рафтинг и сè друго што е дел од еден активен одмор.

Идеална земја: Филипини.

Вага

Вагата е патник без големи грижи. Таа е опуштена, мирна и сака да посетува уметнички галерии, театри и музички настани. Не сака препосетени плажи, па затоа и не издржува многу долго на истите.

Идеална земја: Обединето Кралство.

Шкорпија

Шкорпиите се исклучително страсни и асертивни личности. Тие не прифаќаат работи како што е откажување на лет или компликации при сметувањето, бидејќи сакаат да ја искористат секоја секунда од патувањето. Со себе секогаш ги носат сите гаџети и уживаат во планирањето на одморот.

Идеална земја: Германија.

Стрелец

Стрелецот обожава да патува и тоа најмногу поради вкусната храна. Пред секое патување, тој добро истражува каде се наоѓаат квалитетните ресторани бидејќи смета дека одредена земја се запознава пред сè преку храната и луѓето.

Идеална земја: Мексико.

Јарец

Јарецот исто така сака да планира и да мечтае за многу дестинации. Тој е многу одлучен, па затоа брзо и ги остварува своите замисли, вклучувајќи ги и патувањата. Јарците сакаат да видат сè и да истражат што е можно подобро.

Идеална земја: Франција.

Водолија

Ако сте родена Водолија, вратата од фрижидерот Ви е сигурно преполна со магнети од различни земји. Водолиите сакаат да истражуваат нови места, но не и да остануваат на истите многу долго бидејќи им станува здодевно.

Идеална земја: Сингапур.

Риби

Рибите обожаваат сè што е визуелно, па затоа со себе задолжително носат фотоапарат со кој фотографираат сè што ќе видат, а тоа го споделуваат и со другите преку социјалните мрежи. Убавината ја гледаат буквално во сè, па затоа на нивните фотографии можете да забележите детали кои останатите не ги забележуваат.

Идеална земја: Јапонија.

Facebook impact:

Објавено четврток, 31 август 2017 03:25:00
Напишано од емилија